Секоја жена мечтае за голема убава свадба, кога ќе може да се почувствува како принцеза. Но, некои се толку многу опседнати со таа идеја што би направиле апсолутно сè за да си го остварат сонот.
Џоен Кент, мајка на две деца, украла 470 000 фунти од фирмата каде што работела, два месеци пред да ја направи својата голема скапа свадба. Таа со парите резервирала цел хотел за нејзините гости да можат да се забавуваат, организирала спектакуларен огномет и на секој гостин му подарила Армани белегзија.
Кент потрошила и 50 000 фунти за автомобили, купувајќи си Audi A4 и Мазда од 38 000 фунти.
Целиот тој раскош си го овозможила со пари од компанијата Wilson UK Ltd. Измамата била софистицирана и ја откриле само поради тоа што направила трансфер во САД со погрешна валута (фунти наместо долари).
Денес, две и пол години по големата свадба, Кент е осудена на минимална затворска казна од две години, затоа што има две мали деца.
Најголемата штета од лудоста на Џоен Кент ќе ја претрпи нејзиното семејство.