Најпосакуваните свадбени подароци денес се добиваат во плик. Многу младоженци претпочитаат да добијат пари за да можат да ги искористат за купување или реновирање на нов дом или да одат на свадбено патување.
Луис и Лес Хампсон исто така од своите гости посакале пари како свадбен поклон, но за да ги искористат за ништо друго, туку за нови силиконски гради за црнокосата невеста.
Во поканите за свадбата тие напишале: „Веќе имаме чајник и тостер, комплет чинии и подметки за чаши и чинии. Па, наместо да добиеме нешто што веќе го имаме, навистина би ценеле пари за операцијата на градите на Луис“.
Во интервју за списанието Love It! Луис раскажала дека нејзините гради започнале да ја губат цврстината и обликот по раѓањето на три деца од претходна врска. Бидејќи обожавала да носи облека со длабоко деколте, била многу загрижена за нивниот изглед откако започнала да излегува со 24-годишниот Лес.
Кога тој ја запросил, таа добила идеја да побараат пари од гостите на свадбата за да може да си направи операција. Лес се согласил и во февруари ги испратиле свадбените покани со невообичаената молба.
33-годишната Луис и нејзиниот сопруг вкупно добиле нешто повеќе од 2200 евра. Кон тие пари додале уште 2200 евра кои Луис ги имала заштедено и веднаш ги искористиле за операција на нејзините гради.
„Моите гради речиси се заздравени. Наскоро ќе ги покажувам во сиот нивен сјај“ – изјавила горделивата Англичанка.