Фотографии од бебенце кое се роди во непробиена амнионска обвивка станаа хит на социјалните мрежи.
Малиот Ноа се роди на 28 јануари и беше тежок 3,4 килограми, а долг 48,5 сантиметри. Бебето дојде на овој свет со царски рез, а неговото раѓање беше овековечено од страна на фотографката Јаниана Оливера од Бразил.






„Луѓе од целиот свет ги споделуваат нашите фотографии и нè контактираат. Го гледав раѓањето. Ја спуштија завесата за да можам да видам. Премногу плачев, тоа се бескрајни емоции“ – рекла мајката Моник.



Рафаел Анџело, хирургот задолжен за царскиот рез, за странските медиуми изјавил: „Овој тип на раѓање се случува кога бебето се раѓа без да се скине амнионската обвивка. Со други зборови, бебето се раѓа со ‘куќата’ која му беше дом за време на гестацијата. Инциденцата на вакви раѓања во литературата е едно на 80.000-90.000 породувања, но јас верувам дека ова не е точнo“.




Ноа има еден брат – 6-годишниот Муријо.

