Почетна » Новости » Занимливости » „Не можев да ги разберам мајките што си ги напуштаат децата“: Текст ја подигнува свеста за постпородилната депресија

„Не можев да ги разберам мајките што си ги напуштаат децата“: Текст ја подигнува свеста за постпородилната депресија

Вирален текст за постпородилната депресија брзо се шири на интернет и ја подигнува свеста за оваа состојба која засега 15% од родилките.

Објавата на Кристи Мери Мотер има за цел да ги натера луѓето да зборуваат за овој тип депресија за таа да престане да се стигматизира. Кристи зборува за некои од очигледните симптоми кои се појавуваат кај мајките, а кои околните луѓе треба да умеат да ги препознаат за да им помогнат на саканите да ја пребродат оваа состојба пред да биде предоцна.

Ако не се третира, во поекстремните случаи постнаталната депресија може да доведе до самоубиство.

Еве го текстот на Кристи, која по породувањето две годините се соочувала со депресија:

Родилка

Сега разбирам. Конечно разбирам. Гледав дека мајки извршуваат самоубиство и не можев да го сфатам тоа. Како можат да ги напуштат своите деца на таков начин? Го нарекуваат постпородилна депресија.

Не чувствуваш дека на светот ќе му биде подобро без тебе, туку чувствуваш дека тебе ќе ти биде подобро без светот.

Откако ќе се случи такво нешто, сите обајвуваат пораки како: „Ох, немав поим. Таа ништо не рече. Изгледаше добро...“ Таа ти кажа. Но, тебе ти изгледаше толку неважно, што не ни забележа.

Таа заостануваше со животот, не можеше ништо да прави. Сите сè чекаа од неа, а таа тонеше. Се изгуби себеси, грижејќи се за другите. Таа ти рече: „Не можам денес. Имам премногу обврски“.

Не ѝ нуди да ѝ ги причуваш децата, бидејќи тогаш во неа ќе се појави вина. Таа нема да ти дозволи да ги земеш, бидејќи веќе чувствува дека не поминува доволно време со нив.

Го гледам тоа. Те гледам тебе. Те разбирам.

Ако сакате да видите како се справува некоја личност, одете и посетете ја. Овозможете ѝ услови за да се истушира, помогнете ѝ колку што можете за таа да не чувства како премногу да заостанува. Помогнете ѝ да почувствува дека не е сама. Дека е ЧОВЕК.

Ете ти ги знаците. Престани да велиш дека не знаеше. Бидејќи таа ти кажа.

Во коментарите на објавата, стотици жени го споделија своето искуство со постпородилната депресија, признавајќи дека таа е ужасна.

Многумина не можат да ја разберат оваа состојба освен ако не ја искусат самите или некој нивен близок. Многупати на неа се гледа како на слабост или на лош карактер, но таа е далеку од тоа. Постпородилната депресија е компликација по породувањето која води до екстремна тага, ниска енергија, анксиозност, неконтролирано плачење, нервоза и промени во навиките на спиење и јадење.

Најчеста причина за тоа не е слабиот карактер, туку промената во хормоните и недостигот на сон.

Ако се сомневате дека нова мајка се соочува со депресија, можете да ѝ пружите рака на повеќе начини. Посетете ја, прашајте ја како се чувствува, а потоа внимателно слушајте ја. Помогнете ѝ низ дома, соберете ги расфрлените играчки, спружете ѝ ги алиштата, згответе ѝ вечера, овозможете ѝ услови за да си легне да поспие... Направете нешто за таа да не се чувствува осамено.

Можно е таа да ве одбие, да ве оттурне или да тврди дека не ѝ треба помош, но БИДЕТЕ УПОРНИ!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.