Кејти Фар е новата носителка на титулата Miss World University. 24-годишната Британка победила 42 други учеснички откако го импресионирала жирито не само со својата убавина, туку и со својата интелигенција.
Кејти е шампионка во кик-бокс, модел, актерка, хуманитарен работник и има завршено политика на Универзитетот во Лидс, а нејзиниот коефициент на интелигенција е 140. Таа изјавила дека основно учествува во натпревари за убавина затоа што така има поголеми можности да се занимава со хуманитарна дејност.
Второпласирана е учесничката од Полска, Катарзина Куциемска, а третопласирана – Чои Јунг-Ва од Јужна Кореја.
Miss World University е натпревар во кој можат да учествуваат само студентки или жени кои веќе имаат завршено факултет. Се одржува уште од 1986г. во Сеул, Јужна Кореја.
Учесничките ги покажуваат своите способности за дебатирање во рамките на интернационален форум за мир, индивидуалните таленти кои ги поседуваат, но и желбата за учество во хуманитарни активности.
Претходните победнички биле вклучувани во активности за промовирање на мирот во региони како Косово и Руанда.