Почетна » Новости » Занимливости » Индијка родила тројка на 66 години

Индијка родила тројка на 66 години

Раѓањето на возраст над 40, 50, па дури и над 60 години стана секојдневие во светот. Најновата вест е породувањето на 66-годишна Индијка, која благодарение на ин витро оплодување стана мајка на три бебиња.

Бхатери Деви родила две момчиња и едно девојче кои сега се наоѓаат на интензивна нега заради нивната мала телесна тежина. Со тоа, таа стана најстарата мајка во светот што родила тројка.

Бхатери со своите новороденчињаБхатери со своите новороденчиња.

Сопругот на Деви изјавил дека е пресреќен што станал татко за прв пат. 64-годишниот Дева Синг восхитено признал: „Бхатери ми го исполни сонот да имам деца и да му дадам на моето семејство наследник. Таа ми беше првата жена и откако не успеа да зачне, се оженив двапати, но немав деца ниту од другите две жени“.

НовороденчињаБхатери Деви роди две момчиња и едно девојче кои сега се наоѓаат на интензивна нега.

Најстарата мајка на светот умира

Сепак, Бхатери не е најстарата мајка на светот. Нејзината сонародничка, Индијката Рајо Деви Лохан, во 2008г. стана мајка на 70-годишна возраст, исто така по пат на вештачко оплодување, кое се случило во истата клиника каде што биле зачнати и новороденчињата на Бхатери.

Денес стана јасно дека поради компликации од оплодувањето на стара возраст, 72-годишната Деви Лохан е премногу слаба и умира. Таа тврди дека не била свесна за можните компликации од раѓањето на дете во поодминати години.

Лохан со своето девојчеЛохан со своето 18-месечно девојче.

„Докторот никогаш не ме предупреди дека е опасно да имам бебе на мојата возраст. Бев здрава претходно, но сега сум многу болна“ – изјавила таа.

По 54 години брак без деца, таа и нејзиниот маж позајмиле пари за вештачко оплодување, за да си го исполнат сонот да имаат дете.

По породувањето со царски рез Лохан имала внатрешно крварење и нејзината матка се раскинала. Игнорирајќи ги советите на докторите да мирува, таа секој ден работела на фармата што ја поседува со нејзиниот сопруг. Исто така, имала и циста на јајниците.

Нејзиното тело е премногу слабо за да закрепне од тешките операции и во моментов таа не може ниту да го земе во рацете своето 18-месечно девојче.

Но и покрај она што ѝ се случува, Леви Лохан изјавила: „Цел живот сонував да имам дете. Не ми значи тоа што сум болна, затоа што живеев доволно долго за да станам мајка“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20947 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.