Почетна » Новости » Занимливости » Најгледаните видеа на YouTube за 2009

Најгледаните видеа на YouTube за 2009

Клипчето во кое Сузан Бојл ги изненади и судиите и сите присутни на аудицијата за шоуто „Britain's Got Talent“, е најгледаното видео на YouTube за 2009 година. Нејзината неверојатна изведба на песната „I Dreamed A Dream“ е гледана од повеќе од 120 милиони луѓе од цел свет.

Второто место во листата му припаѓа на видеото во кое е прикажано дезориентирано момче по посета на стоматолог. Клипчето „David After Dentist“, кое на YouTube го качил таткото, е гледано повеќе од 37 милиони пати.

Третото најгледано видео прикажува интересен танц на младоженците и нивните најблиски до олтарот, на музиката од песната Forever од Chris Brown. Ова видео привлече повеќе 33 милиони гледачи.

На четврто место по гледаност се најде трејлерот на новиот филм „New Moon“ со над 31 милиони гледања.

Рекламата на Evian, во која се прикажани бебиња на ролери, стана најгледаната реклама со над 27 милиони гледачи и го зазеде петтото место на оваа листа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.