Почетна » Новости » Занимливости » На австралиските деца ќе им биде забрането да дуваат роденденски свеќи

На австралиските деца ќе им биде забрането да дуваат роденденски свеќи

Австралиски експерти убиваат дел од роденденската радост на малите деца. Според новите правила за хигиена, на децата во градинките и центрите за дневен престој ќе им биде забрането да дуваат свеќички за да се спречи распространувањето на бактерии и вируси по целата торта.

Роденден

Наместо традиционалното дување на свеќи наредени на роденденската торта, правилата велат дека малиот славеник ќе може да дува свеќа, но само ако е поставена на одделно колаче.

„Децата сакаат да ги дуваат свеќите додека нивните пријатели им пеат Среќен роденден. За да се спречи ширењето на бактерии и вируси кога детето ги дува свеќите, родителите треба да обезбедат одделно колаче со свеќа за славеникот и: или доволно други колачиња за сите други деца или голема торта која ќе може да се исече и да се подели“ – се вели во правилата од National Health and Medical Research Council.

Многу доктори гласно ги критикуваат новите правила. Тие укажуваат на фактот дека децата не треба да се чуваат како под стаклено ѕвоно и дека изложувањето на антигени од околината помага за зајакнување на имунитетот. „Ако живеете во пластично меурче, подоцна во животот ќе страдате од инфекции кои нема да можете да ги поднесете“ – изјавил Стив Хамблетон, претседател на Australian Medical Association.

Исто така, според новите правила, децата ќе бидат принудени да ги мијат рацете или да ги дезинфицираат со алкохол пред и по играњето во заграден мини „базен“ со песок. Вработените во градинките и центрите секој ден ќе мораат да ги мијат рачките на вратите, подовите, сите играчки и тоалетите. Строго се забранува и присуство на вработени или деца кои се болни.

Критичарите велат дека новите правила се прекумерна заштита и дека децата треба да бидат оставени да бидат деца.

„Сите сакаме децата да ни се здрави, но истражувањата во светот велат дека малку нечистотија е здрава“ – рекла Гвин Бриџ, претседателка на Australian Childcare Alliance.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.