Моќните фотографии на Моне Никол ќе ви покажат колку многу емоции, топлина и љубов можат да бидат слеани во една мајчинска прегратка. Талентираната фотографка ги овековечува емотивните први прегратки на мајки со нивните бебиња по породувањето.
За ваквиот фото-проект, талентираната блогерка од Колорадо се инспирирала од спомените кои ѝ ги евоцирале фотографиите од сопствениот пораѓај. Тие биле потсетување за љубовта, силата и поддршката кои ѝ ги пружил нејзиниот сопруг и силните емоции кои извирале од неа кога за првпат ја зела ќеркичката во своите прегратки. Така, Никол решила да им го подари тој бесценет спомен и на други мајки.
































