Почетна » Новости » Занимливости » „Моето бебе ми го спаси животот“: 18-годишна девојка ѝ донираше бубрег на мајка си

„Моето бебе ми го спаси животот“: 18-годишна девојка ѝ донираше бубрег на мајка си

Брук Лајл ѝ го даде најголемиот подарок на жената која ѝ подари живот. 18-годишната девојка ѝ донираше бубрег на мајка си Џесика Џордан.

Џесика 12 години се бореше со автоимуната болест Грануломатоза, која ги оштетила нејзините бубрези и морала да прима дијализа.

„Мајка ми беше болна речиси целиот мој живот“ – низ солзи изјави Брук. „Таа ми е мајка. За мене ќе бидат болни само неколку недели, а за мајка ми ќе биде цел живот полн со здравје. Тоа е ризик што сум подготвена да го преземам“ – дополни девојката со големо срце.

Џесика и Брук

Џесика се плашела да ја изложи својата ќерка на ваква ризична операција, но сега се чувствува подобро отсекогаш и е благодарна за храброста на нејзиното чедо.

„Тоа беше едноставно несебично. Го направи тоа од срце, а јас сум многу благодарна и благословена што моето бебе го направи ова за мене бидејќи се чувствувам многу подобро. Ако не добиев бубрег, мојот животен век ќе беше многу краток. Моето бебе ми го спаси животот“ – рекла мајката.

Џесика и Брук Џесика и Брук

Џесика долго време се борела со здравствените последици од болеста кои честопати ја врзувале во кревет.

„Ми беше многу тешко. Се случуваше да не можам да станам од кревет по 14 часа. Не можев да си ги проверам децата. Бев заглавена во кревет и морав да бидам дома во одредено време“ – признала таа.

Џесика и Брук Џесика и Брук

Братот близнак на Џесика сакал да ѝ донира бубрег, но за жал починал од КОВИД-19 пред две години.

По неговата смрт, Брук решила дека таа е единствена надеж нејзината мајка да биде добра и да живее поздрав живот.

Џесика и Брук

ВИДЕО:

Грануломатоза со полиангитис е долгорочно системско нарушување кое подразбира формирање на грануломи и воспаление на крвните садови (васкулитис). Тоа е форма на васкулитис што влијае на малите и средни садови во многу органи, но најчесто влијае на горниот респираторен тракт, белите дробови и бубрезите. Оштетувањето на срцето, белите дробови и бубрезите може да биде фатално.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20832 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.