Мила Кунис влезе во улога на зависничка од дрога во новиот филм „Four Good Days“.
Филмот е снимен според вистинска приказна, а го следи лекување на Моли (Мила Кунис) со помош на нејзината мајка Деб (Глен Клоус). Сценариото е напишано од добитникот на Пулицерова награда, Ели Саслоу.
„Four Good Days“ ги прикажува круцијалните денови од опоравувањето од зависноста од опоиди на Моли. И покрај лошите односи во минатото, нејзината мајка Деб целосно ѝ се посветува за да ѝ помогне да излезе од канџите на дрогата и да си ги врати нејзините деца.
Погледнете го емотивниот трејлер за „Four Good Days“:
Светската премиера на филмот беше на 25 јануари 2020 година, за време на Филмскиот фестивал „Sundance“. Планирано е филмот да започне да се прикажува на 30 април годинава.