Врската татко-ќерка е една од најспецијалните врски. Роланд Полард и неговата ќерка Џејден се доказ за тоа.
Поранешниот тренер по мажоретство ја тренира 4-годишната ќерка уште откако таа имала 4 месеци. Најпрво, тој започнал да ја учи да балансира на неговата рака, а потоа и да изведува многу покомплицирани мажоретски точки.
Нивно видео стана вирален хит за време на пандемијата, зголемувајќи ја популарноста на целото семејство Полард.
Роланд вели дека неговата ќерка е бестрашна и дека тој воопшто не ја форсира, туку дека таа ужива во мажоретството.
„Верувам дека стравот е научена карактеристика и јас никогаш не сум ѝ дал причина за да се плаши. Секој летач кој сум го тренирал знае дека ќе го фатам ако се случи нешто погрешно“.
„Откако започна карантинот, изведуваме точки секој ден дома и таа стекна многу вештини. Го обожава тоа“.
„Таа сака сè што правам. Нашата врска е многу блиска. Ми верува со целиот свој живот и тоа е најдобриот дел. Таа знае дека никогаш не би ја повредил и дека нема да дозволам таа да се повреди“ – вели тој.
„Ако сака да одлучи да се занимава со тенис или со што било, јас целосно ќе ја поддржам. Нема да ја принудам да биде навивачка. Но, ако одлучи да биде мажоретка, таа знае дека ќе ги има сите ресурси на светот за да биде најдобра“ – додава Роланд.
Краток документарец за семејството Полард
Посветениот татко вели дека со зголемената популарност неизбежно доаѓа до израз и темната страна на социјалните мрежи и луѓето со негативни коментари. Иако на почетокот дозволувал тоа да влијае на него, во одреден период престанал да ги чита илјадниците коментари и се фокусира на ширење позитивност.