Почетна » Новости » Занимливости » Нераскинливата врска татко-ќерка: Фотографии од маж и неговата ќерка станаа вирален хит на Twitter

Нераскинливата врска татко-ќерка: Фотографии од маж и неговата ќерка станаа вирален хит на Twitter

Фотографии од татко и ќерка станаа хит на социјалните мрежи, затоа што се полни со емоции и покажуваат колку брзо растат децата.

Киран Шенон од Белфаст, Ирска, имал намера само да се вклучи во Twitter предизвикот „How it Started. How it’s Going“ или „Како започна. Како продолжува“, сакајќи да покаже колку се гордее со ќерката Нив. Но, неговиот „твит“ брзо започнал да се шири и досега има речиси милион допаѓања.

Киран сподели три фотографии. Првата фотографија била на направена на првиот училиштен ден на Нив во 1999 година. Втората е на последниот училиштен ден на Нив во мај 2013 година, а последната е од летото 2018 година, кога Нив дипломирала на факултет.

Татко и ќерка Татко и ќерка Татко и ќерка

Сите фотографии биле направени од мајката на Нив, а се уредно поставени во рамка во нивниот дом.

„Доброто нешто е што сега речиси милион луѓе ќе знаат колку се гордеам со мојата ќерка“ – рекол Киран.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20786 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.