Кралицата Елизабета организираше прием за лидерите на НАТО, на кој присуствуваа и Доналд и Меланија Трамп, а и нашиот премиер Зоран Заев.
Првата дама на САД пристигна во Бакингемската палата во жолто-виолетова комбинација. Палтото со наметка е дело на модната куќа Валентино и чини 4.150 евра додека салонките се со потпис на нејзиниот омилен дизајнер за обувки, Кристијан Лобутин.










И нашата држава има делегација во Лондон, предводена од премиерот Зоран Заев, кој беше меѓу гостите на Кралицата.


Војвотката Кетрин носеше зелена креација од Емилија Викстед.






Пред приемот, Меланија и Доналд беа пречекани од принцот Чарлс и неговата сопруга Камила.






Принцот Хари и војвотката Меган не беа присутни на официјалните средби, затоа што ги ставија на пауза кралските обврски за да се фокусираат на семејството. И принцот Вилијам беше отсутен, бидејќи е на официјална турнеја во Кувајт и Оман.