Алесија Бонари пред неколку месеци стана симбол на тешката борба со коронавирусот. На почетокот на март, во екот на големата корона-криза во Италија, младата медицинска сестра сподели фотографија на која се гледаат трагите и раните на лицето од долгото носење заштитна опрема. Нејзината фотографија го обиколи светот, а нејзината пожртвуваност не остана заборавена.
Бонари беше поканета на Филмскиот фестивал во Венеција каде ѝ беше доделена и наградата „Личност на годината“. „Благодарам Венеција за сето внимание, но пред сè, ѝ благодарам на мојата Италија... Да, ова е сон. Но утре се враќам во Милано. На работа“ – изјавила таа.
23-годишната девојка шармантно позираше на црвениот тепих во црна креација.