Синчето на принцот Хари и Меган Маркл денес наполни една година.
На роденденот, парот сними видео во кое Меган му ја чита омилената сликовница на слаткиот Арчи, а Хари е зад камерата.
Видеото е снимено со цел да се соберат парични средства кои ќе бидат донирани во добротворната организација „Save the Children“.
Арчи е единственото дете на Меган и Хари, кои стапија во брак во 2018 година.