Вооружениот напад во Крајстчерч, во кој загинаа 50 муслимански верници додека се молеа, го трогна светот. Меган Маркл и принцот Хари изразија сочувство и положија цвеќе за загинатите.
Пред Куќата на Нов Зеланд во Лондон, кралската двојка беше пречекана од високиот комесар Џери Матепарае.








37-годишната војвотка од Сасекс, која следниот месец ќе го роди првото дете, носеше црна комбинација.





















Непосредно по ужасниот напад, Кенсингтонската плата објави порака од војводата и војвотката од Кембриџ и војводата и војвотката од Сасекс. „Знаеме дека од оваа трагедија и длабока тага, луѓето на Нов Зеланд ќе се обединат за да покажат дека таквото зло никогаш нема да ги порази сочувствувањето и толеранцијата“ – стои во пораката.
Нов Зеланд е дел од Комонвелтот и е често посетувана земја од британското кралско семејство. Кетрин и Вилијам престојуваа таму во 2014 година, а Хари ја посети следната година.