Меган Маркл неколку дена престојуваше во Њујорк. Поводот беше забавата организирана од нејзини пријателки за претстојното раѓање на нејзиното прво дете со принцот Хари.
Откако заврши прославата, 37-годишната војвотка со приватен авион се врати во Лондон, а папараците не пропуштија да ја фотографираат во релаксирано издание со хеланки и спортска капа.








На забавата која се одржа во луксузен апартман во хотелот „The Mark“, присуствувале околу 15 блиски пријателки на Меган, меѓу кои и Серена Вилијамс и Амал Клуни.









Водителката Гејл Кинг, која беше меѓу гостинките, сподели дека Меган не ги отворила подароците, затоа што сакала да го направи тоа заедно со Хари. Исто така, таа откри дека за време на забавата, секоја од нив направила цветен аранжман кој бил дониран.