Принцот Хари беше специјален говорник на настанот WE Day UK, кој се одржува во рамките на глобалната иницијатива за поттикнување на младите луѓе да учествуваат во активности за позитивни социјални промени.
На сцената ненајавено се појави и неговата сопруга. Меган Маркл, која следниот месец ќе го роди нивното прво дете, нежно го галеше стомачето и го прегрнуваше Хари додека тој го завршуваше обраќањето кон публиката.



Rousing speech from Harry, ending with a surprise appearance from Meghan! #WEday #dukeandduchessofsussex @WEMovement pic.twitter.com/lu10whYQkv
— Emily Nash (@emynash) March 6, 2019
Во својот говор, тој им порача на присутните: „Бидете похрабри, бидете посилни, бидете добри еден кон друг, бидете добри кон себе. Помалку седете пред екрани и повеќе време издвојувајте за разговори лице в лице. Надминувајте ги очекувањата. Елиминирајте ја пластиката. Штедете вода. Заштитувајте го дивиот свет и неговиот уникатен хабитат. Одржувајте ја во живот емпатијата. Прашувајте ги пријателите како се и слушајте го нивниот одговор. Бидете искрени. Ризикувајте. Променете ги мислите и променете го светот. Осмелете се да бидете најдобрата генерација на сите времиња. Јас сум со вас, ние сме со вас!“






