Меган Маркл и принцот Хари на Instagram споделија слатка фотографија од синот Арчи.
На неодоливиот портрет, малото момченце со раката му го држи прстот на Хари.

„Среќен Ден на таткото! Му посакуваме да има многу специјален прв Ден на таткото на Војводата од Сасекс“ – пишува во описот.
Во Велика Британија денес се одбележува Денот на таткото.
Меган и Хари, кои на 6 мај станаа родители, се подготвуваат за кралската крштевка закажана за следниот месец.
