Михаела Мајер-Морси сподели фотографии од последните месеци од бременоста и остави многумина без зборови.
Мајката од Копенхаген, која пред една недела роди тројка, стана хит на Instagram поради преголемиот труднички стомак.
Нејзините фотографии покажуваат колку неверојатно е женското тело и наидоа на навистина голем интерес.
Братчињата Чарлс, Теодор и Габриел се родија во 35-тата недела до бременоста. Михаела се породи со царски рез.
„Има празнина во мојот стомак, но моето срце и моите раце никогаш не биле толку полни со љубов и среќа“ – напиша мајката на првата фотографија со новородените бебенца.
Михаела сподели фотографија од стомакот и 10 дена по породувањето.
„Мојот стомак 10 дена по раѓањето на бебињата. Веќе е значително помал – но е тежок и имам многу болки. Царскиот рез не ми смета – освен ако треба да кашлам, кивам или повраќам.“
„Но, цревата ми се тркалаат во големата празнина, што е непријатно и боли. Матката ми се наоѓа веднаш до кожата и е супер чувствителна, боли и при најмал допир“ – пишува таа во описот.
Михаела доби бројни коментари за поддршка и многумина ја нарекоа „суперхерој“. „Жените кои раѓаат по повеќе од едно дете одеднаш се херои“, „Ох Боже, каква жена“, „Ме остави без зборови. Драга, ти си СУПЕРХЕРОЈ“ и „Немам други зборови, освен СЕКОЈА ЧЕСТ“ – се дел од коментарите на соцјалните мрежи.
Михаела и нејзиниот сопруг имаат уште две деца.