Почетна » Новости » Занимливости » „Мамо, тој ме нарече чудовиште“: Мајка на деца со посебни потреби апелира родителите да ги учат децата за различностите

„Мамо, тој ме нарече чудовиште“: Мајка на деца со посебни потреби апелира родителите да ги учат децата за различностите

„Научете го вашето дете за различностите“ – ова е пораката која Стејси Гегнон им ја испраќа на сите родители.

Стејси е мајка на шест деца. Четири од нив се посвоени и имаат посебни потреби, па таа неретко се соочува со непријатни ситуации кога тие ќе посакаат да си играат со други деца. Стејси била сведок на покажување со прст, шепотење зад грб, потсмевање и навреди упатени кон нејзините деца.

Поради тоа, таа често преку социјалните мрежи ја истакнува важноста на родителското воспитување и советува мајките и татковците да одделуваат време за да разговараат со децата за различностите. Бидејќи, како што вели таа „сите сме различни и тоа го прави светот убав“.

Деца

Ако вие не ги учите вашите деца за децата како моето, јас ќе го учам моето дете за децата како вашето.

„Мамо, дали сум расипан?“
„Мамо, тој ме нарече чудовиште.“
„Мамо, ми рекоа дека сум пребавен за да играм.“
„Мамо, зошто Бог ме направи ваков?“

Моите деца ги кажуваа овие нешта во текот на годините. Сите тие беа резултат на зборови изговорени од другите.

Зборовите болат. Изговорените зборови не можат да бидат вратени.

Зјапање и покажување со прст се невербални зборови. И неизговорените зборови болат.

Пред да започне полугодието, издвојте 10 минути за да го научите вашето дете за различностите.

Научете го дека ќе запознае секакви луѓе на овој свет.

Луѓе кои користат инвалидска количка, одалка и протеза. Деца кои немаат рака, нога или можеби уво... Секакви типови луѓе и тоа е она што го прави светот интересен.

Ако не го научите, јас ќе бидам таму за да им дадам до знаење на моите деца дека понекогаш мајките и татковците забораваат да им кажат на нивните деца дека различното е убаво. Дека децата кои кажуваат злобни нешта, покажуваат со прст или зјапаат, не се научени на најважната лекција.

Тие не се научени на лекцијата дека различното е нормално... Сите сме различни.

Деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.