Почетна » Новости » Животни стории » ВИДЕО: Близначиња се родија 20 минути по силниот земјотрес во Албанија, докторите одбија да ја напуштат болницата

ВИДЕО: Близначиња се родија 20 минути по силниот земјотрес во Албанија, докторите одбија да ја напуштат болницата

Слатки близначиња дојдоа на свет во болница во Тирана 20 минути по катастрофалниот земјотрес кој одзеде најмалку 13 животи.

Позитивната вест ја сподели гинекологот Аника Докле, која работи во болницата „Кочо Глиожени“ каде се родија двете бебиња. Таа објави и видео на својот Facebook профил и напиша: „Ова е најдобриот симбол на животот. Немам зборови“.

Видеото беше преземено и од Euronews Албанија, каде пишува: „Овие близначиња се родија 20 минути по силниот земјотрес кој ја погоди Албанија. Тие се родија во болницата ‘Кочо Глиожени’ во Тирана. Докторите велат дека болницата била оштетена како последица на земјотресот. Тие останаа покрај бебињата и одбија да ја напуштат болницата“.

Во изминатите 24 часа се родија 17 бебиња.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20941 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.