Десетгодишно девојче беше извлечено од урнатините во италијанскиот град Пескара дел Тронто 17 часа по катастрофалниот земјотрес, кој згасна 247 животи и избриша четири града од мапата. Видеото од спасувањето го обиколи светот.
Девојчето било заробено со главата надолу, а акцијата за спасување започнала кога спасувачите слушнале звук од под рушевините. „Bella ragazza“ или „Убаво девојче“ – се слуша од толпата по извлекувањето. Девојчето моментално е во болница и е во стабилна состојба.
Земјотресот, кој ја погоди централна Италија, се случи во 3.36 часот наутро во средата и беше со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.