Додека светот со внимание ја следеше церемонијата „Trooping the Colour“ на „платинестиот јубилеј“ на кралицата Елизабета II, многу очи беа насочени кон малиот принц Луи.
4-годишното синче на војвотката Кетрин и принцот Вилијам стана хит на социјалните мрежи со гримасите и слатките разговори со Кралицата на балконот од Бакингемската палата. Малото момче прво беше фотографирано додека мавташе од кочијата заедно со неговиот брат Џорџ и сестра му Шарлот, а потоа повторно го украде вниманието додека го следеше прелетувањето на авионите.
Most days we are all Prince Louis. pic.twitter.com/ubOTYb4c0w
— Amanda Stein (@amandacstein) June 2, 2022
Prince Louis stealing the show. #PlatinumJubilee pic.twitter.com/aulGp9vUoa
— Elliot Gonzalez (@elliot_gonzalez) June 2, 2022
Prince Louis’ expressions were absolutely priceless todaypic.twitter.com/LQ2SnJ4OjJ
— Belle (@RoyallyBelle_) June 2, 2022
Видео
Луи носеше облека слична на облеката која неговиот татко, принцот Вилијам, ја носеше на церемонијата „Trooping the Colour“ во 1985 година.