Роберто Симоноски ја изненади саканата Џумана Балиќ со романтичен предлог за брак.
Заљубениот Македонец ја одведе својата девојка со врзани очи до Дуфскиот водопад во Ростуше каде ѝ го постави судбоносното прашање.
Одговорот на среќната девојка се разбира беше „ДА“.
Им честитаме на идните младенци и им посакуваме многу, многу моменти исполнети со љубов и радост. Позитивните вести се повеќе од добредојдени во денешно време, зарем не?