Доколку сакате максимално да ја почувствувате магијата на пролетта, тогаш Јапонија е место за вас, поточно цветните градини кои виреат низ земјата.
Бајковитата градина Кавачи Фуџи има околу 150 растенија со различни видови од цветот глицинија, а како „круна“ на ова волшебно место се смета тунелот Вистерија исполнет го надвиснати гроздести виолетови, розови и бели цветови, кој нуди спектакуларна глетка за посетителите.
Паркот Ашикага содржи 350 дрва со цветови глицинија кои го исполнуваат со боја и ведрина, а некои од нив се стари дури 150 години. Градината станува најволшебна овој месец, па поради тоа секоја година традиционално се одржува „Wisteria Festival“, кој оваа година ќе започне на 15 април.