Цветниот тунел Вистерија во бајковитата градина „Кавачи Фуџи“ и оваа пролет ги остава посетителите без здив.
Корисниците на социјалните мрежи непрекинато споделуваат фотографии од ова волшебно катче на планетата, сместено во јапонскиот град Китакјушу. Градината е „дом“ на 150 растенија од родот глицинија.
Пријатниот мирис, неверојатната глетка и миксот од природа и архитектура го прават ова место едно од најпознатите во Јапонија. Тунелот ја покажува целата своја убавина кон крајот на април до средината на мај.






















