Почетна » Убавина и мода » Мода » Обувки – пролет/лето 2010

Обувки – пролет/лето 2010

Трендовите кај обувките за сезоната пролет/лето 2010 нудат за секого по нешто. Некои од нив беа прифатени и во минатите сезони, некои ќе се обидат да направат кам-бек по долги години отсуство, а некои допрва ќе се борат за место во женските плакари.

Без разлика каков модел ќе изберете, боите на оваа сезона се: крем, корална, портокалова, тиркизна, бела, светло-розова, кафеава, жолта и зелена. Деталите се особено важни, затоа што благодарение на нив ќе можете да внесете уникатност во стилот.

За најхрабрите, еден од најголемите хитови оваа сезона е носењето на сандали во комбинација со чорапи со различна должина. Иако е малку невообичаено и некогаш се сметаше како најголем моден грев, многу светски дизајнери го воведоа во своите колекции пролет/лето 2010.

Еве што препорачуваат модните експерти кога станува збор за обувките:

Чизми до глуждовите со отвор кај прститеЧизми до глуждовите со отвор кај прстите

Еден од најголемите хитови оваа сезона се чизмите со висина до глуждовите, а кои се отворени кај прстите. Иако времето е потопло, чизмите до глуждови се задржуваат од минатата сезона. Единствено се разликуваат боите и материјалите од кои се изработени, затоа што се значително потенки.

Убавото на овие т.н. летни чизми е што одговараат на секаков тип облека. Може да се каже дека сите разновидности на овој вид чизми се „ин“ – со високи потпетици, со различни детали како пердуви или реси, со платформа или пак со многу ремчиња.
Обувки со висока потпетица и предна платформаОбувки со висока потпетица и предна платформа

Обувките кои се поткренати и однапред останаа да бидат еден од трендовите и оваа сезона. Тие прават висината на потпетиците да биде поподнослива и се многу практични за одење.

Оние кои ги следат модните трендови знаат дека еден пар вакви чевли е задолжителен. Освен бела, крем, корална и сива, модерни се и портокаловата, тиркизната и металик бојата.
Чевли со повисока задна платформаЧевли со повисока задна платформа
– тип „полумесечинки“


За многу жени овие обувки се полесни за носење отколку високите штикли. Тие можат да бидат дел од секојдневната полежерна и од вечерната поелегантна облека.

За поинтересен свеж изглед избирајте светли бои или цветни детали и декорации. Не се плашете да експериментирате, затоа што тешко е да погрешите кога се во прашање овие модели.
КломпиКломпи

Овој тренд може и да ве изненади ако не сте ја виделе колекцијата пролет/лето на Шанел. Кломпите долго време не биле модерни, но оваа сезона ќе се обидат да го направат својот кам-бек.

Бидејќи самите модели не се елеганти, може да се каже дури и нападни, потребно е да внимавате со изборот на боите. Се препорачува кломпите да бидат во неутрални бои. Претпочитајте ја светло-кафеавата, крем нијансите или светло-розовата боја.
Чевли тип „Мери Џејн“Чевли тип „Мери Џејн“

„Мери Џејн“ е американски термин за чевли или сандалки кои имаат ниска потпетица, заоблени се кај прстите и имаат едно ремче кај глуждовите. За оние кои го сакаат класичниот изглед, ова се совршените обувки.

Оваа сезона чевлите од овој тип се модифицирани. Височината на потпетиците варира, а исто така и дебелината на ремчето. Класичната црна боја е заменета со посвежи или неутрални бои.
Чевли во машки стилЧевли во машки стил

Обувките во машки стил продолжуваат да бидат актуелни и оваа пролет. Спојот помеѓу женственоста и машкоста создава модерни обувки. Ако сакате да оставите впечаток со својот стил, можностите за избор на ваков тип обувки се неограничени.

Одлично се вклопуваат во формалната бизнис облека, но неодоливи се во комбинација со типска суќна или панталони.
Сандалки тип гладијаторкиСандалки тип гладијаторки

Минатото лето започнаа да бидат актуелни, но ова лето ќе бидат вистински хит. Гладијаторките или како што уште се нарекуваат и римјанки се одличен одмор за нозете од високите потпетици.

Во текот на жешките денови одлично одговараат во комбинација со кратки панталони, долг широк фустан или пак со модерен комбинезон со кратки ногавици. Ако лани бевте меѓу тие што вклучија еден тип вакви сандали во својот плакар, оваа година ќе можете да се уверите дека ви биле разумна инвестиција.
Нестандардни балетанкиНестандардни балетанки

Обожавателките на балетанки оваа година треба да избираат нестандардни модели со многу детали или пак модели кои ги прикриваат глуждовите.

Доколку имате убаво тонирани нозе, можете да ги носите со кратки панталони или фустанчиња или пак со фармерки тип „цевка“. Модерна алтернатива на балетанките се чевлите и сандалите со мала штикла.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.