Македонски Телеком од денеска на пазарот го воведува новото продуктно портфолио Магента 1 со кое на корисниците им овозможува ново корисничко искуство.
Магента 1 не е само интегриран пакет на фиксни и мобилни услуги, туку е сосема нов концепт на понуда, креирана и прилагодена на динамичниот начин на живеење и корисничките потреби коишто брзо се менуваат. Македонски Телеком со новиот пакет на корисниците им ги нуди сите комуникациски услуги од едно место и на една сметка, а при тоа услугите се достапни на сите расположиви екрани.
Овој едноставен пакет е одличен избор за целото семејство и во него секој член ќе ја најде својата идеална комбинација на услуги, а притоа да биде поврзан кога е дома и кога е во движење. Магента 1 вклучува две мобилни линии со неограничена комуникација и 4G мобилен интернет, MaxTV телевизија со најмногу спортски содржини, како и најбрзиот интерент за дома. Детали за понудата корисниците можат да побараат во секоја Телеком продавница, каде ќе можат да го добијат Магента 1 пакетот, во целост прилагоден на нивните потреби.
Овој концепт за прв пат беше воведен во Германија во 2014 година, а според стратегијата на Дојче Телеком ќе се воведе и на други пазари во Европа каде што компанијата е присутна.