Џиа и Зара негуваат прекрасно пријателство. 2-годишното девојче не само што е неразделно со семејното куче, туку тие редовно „пеат“ заедно.
5-годишниот ротвајлер вие секојпат кога Џиа ќе започне да пее на својот микрофон играчка. Слатките пријатели привлекуваат сè поголем број обожаватели на социјалните мрежи со нивните заеднички настапи.
„Тие растат заедно како сестри. Двете прават апсолутно сè заедно, од играње до пливање или седење дома. Џиа толку многу ја сака Зара што првиот збор ѝ беше ‘куче’. Сакаат постојано да бидат заедно“ – рекла мајката на Џиа.