Британското кралско семејство ретко се гледа во релаксирано издание. Викендов, војвотката Кетрин и принцот Вилијам се забавуваа со принцот Џорџ и принцезата Шарлот во Норфолк, каде се одржуваат натпревари во јавање.
Облечени во лежерни комбинации, припадниците на кралското семејство уживаа во опуштена атмосфера заедно со семејството на Зара Тиндал, која е внука на кралицата Елизабета и прва братучетка на Вилијам.
5-годишниот Џорџ си играше со братучетката Миа Тиндал додека 3-годишната Шарлот се возеше во детски количиња.












