„Birth Becomes Her“ ги објави победниците од овогодишниот натпревар за избор на најдобри фотографии од породувања.
Вкупно 1.200 фотографии од целиот свет се бореа за првото место на натпреварот, кое ѝ припадна на фотографката Седи Вајлд од Австралија, како и за првото место во различните категории. Жирито судеше според критериуми како технички вештини, креативност, емоционален импакт и редактирање.
„Ние веруваме дека има МОЌ во гледањето и споделувањето фотографии од породување. Веруваме дека оваа индустрија ќе продолжи да расте, бидејќи сè повеќе и повеќе семејства сфаќаат дека ништо не е поскапоцено отколку зачувувањето на спомените од најдобриот ден од вашите животи“ – велат основачките на платформата.
Погледнете ги сите 18 фотографии кои ги зазедоа победничките места на целокупниот натпревар, како и во различните категории.
Победничката фотографија за 2019 година

















