Почетна » Новости » Занимливости » Катарина Ивановска формира хуманитарно здружение

Катарина Ивановска формира хуманитарно здружение

Катарина Ивановска сериозно ќе се посвети на хуманитарната дејност. Страста кон филантропијата на македонската манекенка резултираше со формирање на хуманитарното здружение „Катарина Ивановска Фондација“.

Здружението ќе им нуди помош при лекување на децата од социјално загрозените семејства. Повеќе за активностите ќе биде објавено на утрешната прес-конференција.

Катарина Ивановска

25-годишната бринета има импресивно резиме. По деветгодишно присуство на модната сцена, таа може да се пофали со бројни едиторијали за списанија како Vogue Италија, Vogue Шпанија, Vogue Русија, Elle и Vanity Fair, а има остварено и блиска соработка со брендови како Valentino, Dolce & Gabbana, Christian Dior, Roberto Cavalli и Gucci.

Минатата година Катарина ги покажа и своите актерски способности во филмот „Трето полувреме“, а сега ќе ја видиме нејзината хумана страна.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.