Нема како да не се одушевите од импресивните фризури кои ги создава Русинот Георгиј Кот.
32-годишниот стилист постојано привлекува обожаватели на Instagram, благодарение на својот талент и огромната креативност. Досега, неговиот профил го следат повеќе од 1,2 милиони корисници на популарната социјална мрежа.
Минатата година, видео во кое Кот прави капа од коса стана вирален хит на интернет, носејќи му уште поголема слава.
Погледнете ги импресивните фризури на талентираниот Русин, кој неодамна стана татко.