Почетна » Новости » Мода » 10-те највлијателни фризури на сите времиња

10-те највлијателни фризури на сите времиња

Одри ХепбернМерилин МонроТвигиАриелЏенифер АнистонВикторија БекамШерил КолРијанаДеми МурЕва Лонгорија

1. Одри Хепберн

Популарната класична фризура на Одри Хепберн во филмот „Појадок кај Тифани“ е прогласена за највлијателна фризура на сите времиња.

Модната икона, која во 1961 година влезе во легендарната улога на Холи Голајтли, сè уште освојува со својата префинета елеганција и застана на првото место на топ листата составена од врвни британски фризери.

2. Мерилин Монро

Русите локни на заводничката Мерилин Монро, по коишто таа е препознатлива до ден денес, го добија второто место.

3. Твиги

Кратката „машка“ фризура на една од најпопуларните манекенки на сите времиња, Твиги, застана на третото место.

4. Ариел

Црвената долга коса на малата сирена Ариел од цртаните на Дизни е прогласена за четврта највлијателна фризура на сите времиња.

5. Џенифер Анистон

Петтото место го доби фризурата на Џенифер Анистон наречена „Рејчел“. Степенестата фризура беше претставена во серијата „Пријатели“ и го доби името според ликот Рејчел Грин. Иако самата Анистон ја мразела фризурата, таа стана многу популарна низ цел свет и илјадници жени сè уште го копираат тој изглед.

6. Викторија Бекам

„Боб“ фризурата која ја популаризира Викторија Бекам застана на шестото место.

7. Шерил Кол

Шерил Кол и нејзините долги костенливо кафеави прамени го добија седмото место.

8. Ријана

Храбрата црвена коса на Ријана заслужено го доби осмото место. Нејзината нијанса е најкопираната боја за коса за 2011 година.

9. Деми Мур

Деветтото место го освои бричената глава на Деми Мур од филмот „GI Jane“.

10. Ева Лонгорија

Ева Лонгорија и нејзината „богата“ боја на косата застанаа на 10-тото место на листата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19725 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.