Овој мал бушавко има само 2 месеци, а ќе ве освои на прв поглед.
Поради густата долга коса, Џуниор Кокс-Нун добива огромно внимание каде и да се појави, а од фотографиите се гледа зошто е хит на интернет.
Челзи, мајката на бебенцето со несекојдневна фризура, пазарува по 2 часа наместо вообичаените 40 минути зашто секој сака да му каже „здраво“ на Џуниор. „Вообичаено пазарувањето ми одземаше 40 минути, но сега ми се потребни два часа. Сите застануваат, велејќи: Погледни ја косата на бебето. Мораат да ја допрат“ – вели мајката на Џуниор, Челзи.
По раѓањето, малото бебенце го добило прекарот „Бебе мече“.