Почетна » Новости » Занимливости » „Заштити сè во бањата од мочки“: Мајка која има 4 сина сподели забавни совети за растењето на момчиња

„Заштити сè во бањата од мочки“: Мајка која има 4 сина сподели забавни совети за растењето на момчиња

Мајка на четири момчиња сподели листа со забавни совети за растењето и воспитувањето на машките деца.

Ешли многу добро знае колку се будалести, активни и бесни момчињата, бидејќи се нејзино секојдневие. Тие ја уништуваат облеката, зборуваат за каки и мочки, прашуваат непријатни нешта во јавност, но само едно нивно „Те сакам“, може да им го растопи срцето на нивните мајки.

Момче
  • Заштити сè во бањата од мочки. Заштити ги ѕидовите околу тушот, кадата, подот, шкафовите, завесите и сè останато со исклучок на веце шолјата. Таму со сигурност нема да мочаат.
  • Глуми дека не ги гледаш. Не, сериозна сум. Ќе прават ужасно глупави нешта. Постојано. Само диши длабоко, сврти се на другата страна и замини.
  • Постојано ќе го гледаш „тоа“. Тие цело време ќе го допираат, а можеби дури и ќе ти кажуваат колку е „тоа“ големо или ќе имаат борби со мечеви од мочки. Повторно, диши длабоко, сврти се на другата страна и замини.
  • Гласно ќе те прашуваат во јавност зошто „градите“ ти се поголеми од нивните. И тоа ќе се случи повеќепати. Ментално подготви се да одговараш на ова прашање. Во јавност.
  • Веројатно повеќе од еднаш ќе ја посетите Брзата помош пред да одат на училиште. Момчињата играат грубо. И повторно ќе повторам, прават глупави нешта.
  • Ќе се грижиш за нивните лидерски вештини, за паѓањето под влијание на нивните врсници. Ќе се грижиш со кого се дружат, за нивната работна етика и што учат кога се далеку од дома.
  • Научи да ги затвораш очите пред да ги превртуваш. Бидејќи ти гарантирам дека 1784 лица ќе ти речат дека „момчињата се полесни за растење од девојчињата“. Само насмевни се и гризни си го јазикот.
  • Не ми е гајле што велат луѓето. И момчињата имаат емоции и може да бидат чувствителни. Имам работено во основно училиште и имам видено 8 момчиња да плачат. Можеш да погодиш колку девојчиња видов да плачат? Нула. Момчињата носат тежок товар и понекогаш се кршат. Апсолутно е во ред ако покажат дека се грижат.
  • Сè може да биде претворено во спорт. Апсолутно сè.
  • Ништо не може да те подготви за болката која ќе ја чувствуваш кога ќе ги видиш повредени. Кога нивното срце ќе се крши, ќе се крши и твоето.
  • „Активни“ е нивното второ име. Нема одмор. Нивниот извор на енергија не може да се исцрпи.
  • Хуморот во бањата им е омилен. Навикни се да слушаш за какање, испуштање гасови и сè што се прави во тоалетот. „Кака“ беше првиот збор на мојот четврт син.
  • Ќе научиш дека едно од најдобрите нешта кои можеш да ги направиш за твоите момчиња е да ги сакаш нивните пријатели, да се молиш за нивните пријатели и да ги запознаеш нивните пријатели.
  • Ќе јадат, јадат, јадат и ќе јадат уште. По враќањето од училиште, очекувај да побараат попладневна ужина, сендвич пред вечерата, вечера и чинија житарки пред спиење.
  • Ќе ги уништуваат алиштата. Оние нови патики ќе бидат среќни ако траат 3 месеци, а фармерките може да траат една недела. Фармерки со дупки и стари патики – нема проблем!
  • Секој ден ќе се молиш да научат што е почит. Да ги почитуваат жените, мажите, возрасните, децата, животните, имотот.
  • Излегувањата со твоите момчиња ќе ти станат омиленото нешто.
  • Помислата дека еден ден ќе треба да ги пуштиш да бидат свои личности и дека ќе треба да ги гледаш како започнуваат да сакаат друга личност е тешка за прифаќање. Но, ќе сфатиш дека од овие моменти, од оваа љубов која им ја влеваш сега ќе зависи во што ќе се претворат кога сето ова ќе стане нивна реалност.
  • Пред да дојдат овие твои момчиња, никогаш не знаеше колку многу љубов може да собере во твоето срце. Ниту дека тие мали насмевки ќе ти го одземаат здивот. Дека слушањето „Те сакам“ од 10-годишник може да направи срцето да ти експлодира.
  • Вечно ќе бидеш благодарна што Бог ти ги даде овие момчиња. Дека те избра да им бидеш мајка. И додека го правиш тоа, ќе се прашуваш како може да си толку голема среќничка да ти бидат дадени тие момчиња. Многу време ќе поминуваш молејќи се да бидеш способна да ја исполнуваш оваа, понекогаш тешка, но благословена одговорност.
  • Израснувањето момчиња не е за плашливи личности и можеби е лудо возење, но вреди многу, многу.

    Анкета

    Анкета
    Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
    • 14%
    • 24%
    • 62%
    Се испраќа...

    (Вкупно: 23191 гласа)

    Цитат

    Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

    Лилиен Диксон

    Виц

    Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

    На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.