Почетна » Новости » Занимливости » Засекогаш семејство: Невеста му подари прстен на малиот посинок на свадбата и го трогна до солзи

Засекогаш семејство: Невеста му подари прстен на малиот посинок на свадбата и го трогна до солзи

Свадбените прослави се секогаш исполнети со емоции. За време на интимната веселба, невеста го трогна малиот посинок со прекрасен гест, а реакцијата на момчето ќе ве разнежи.

Имено, Ребека Сиболт му подари прстен на синот на нејзиниот сакан за да му покаже дека ќе го сака како свое дете. „Јас не се омажив само за Тајлер, се омажив за семејство“ – изјавила таа.

свадба свадба свадба

На прстенот, таа ги изгравира зборовите „Засекогаш семејство“.

„Ме трогнаа емоциите на лицето на Џуд кога првпат ме виде на свадбата. Почестена сум што ќе го растам ова момче заедно со неговиот татко.“

„Пред венчавката, Џуд често ме прашуваше дали и тој ќе добие прстен, како што имаме јас и татко му. Па сакав да направам нешто специјално за него. Му купив прстен и на него изгравирав ‘Засекогаш семејство 26.06.2020’. Го обожава“ – пишува невестата на фотографиите.

свадба свадба свадба свадба свадба свадба

„Да бидам маќеа е една од најтешките нешта кои ги имам направено. Овие фотографии прикажуваат еден од најубавите заеднички денови како семејство, но реалноста вклучува многу повеќе хаос, стрес и учење... особено за мене, бидејќи сега се прилагодувам да бидам дел од семејството. И покрај тоа што е тешко, многу сум благодарна и почестена што сум на ова патување со моите момци и со нетрпение ги чекам претстојните години во кои ќе создаваме заеднички спомени“ – напиша Ребека на Instagram.

свадба свадба свадба свадба свадба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.