Ксенија Симонова им разбуди носталгија на жирито и гледачите на „Britain’s Got Talent“, раскажувајќи им со песок приказната за принцезата Дијана.
34-годишната Украинка одушевуваше со емотивниот и прекрасен настап за покојната „Кралица на срцата“ која сите ја обожаваа. Приказната започна со кралската свадба, а продолжи со раѓањето на принцовите Вилијам и Хари и заврши со нејзината смрт.
„Засекогаш во нашите срца“ – напиша Ксенија на крајот и доби громогласен аплауз од присутните кои ја следеа со насолзени очи.