11-годишната Грејси Викенс-Свит ги одведе публиката и жирито во волшебна бајка со прекрасниот настап во полуфиналето на „Britain’s Got Talent“.
Талентираното девојче ја изведе песната „Reflection“ од дизниевиот хит „Мулан“, но за настапот ја избра верзијата на Кристина Агилера. Благодарение на вокалните способности, Грејси заслужено доби комплименти од сите членови на жирито.
„Твојата контрола над таа песна беше неверојатна – сè беше отпеано навреме. Не пропушти ниту една нота. Беше фантастична“ – беше дел од коментарот на строгиот Сајмон Коуел.