Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: 80-годишна баба одушеви со своето танцување на „Britain’s Got Talent“

ВИДЕО: 80-годишна баба одушеви со своето танцување на „Britain’s Got Talent“

Педи Џонс е супербабичка. 80-годишната старица одушеви со своето танцување во шоуто „Britain’s Got Talent“.

Кога енергичната Педи се појави на сцената заедно со помладиот партнер Нико, жирито и публиката беа скептични за нивниот настап. Салса танцот започна бавно, но потоа кореографијата стана динамична и возбудлива.

На крајот сите се исправија на нозе за да го наградат со аплауз настапот на Педи и Нико, а двајцата натпреварувачи беа директно испратени во полуфиналето на шоуто за таленти.

Педи има четири деца, седум внуци и едно правнуче. Започнала да танцува кога имала две и пол години, но се откажала од идејата да стане танчарка кога се омажила на 22 години.

Нејзиниот сопруг Дејвид починал од леукемија во 2003 година, 18 месеци откако се преселиле во Шпанија за да започнат нов живот. По неговата смрт, Педи се запишала на часови по танцување во академијата на Нико. „Разговарав со децата и ги прашав за нивно мислење. Ми рекоа дека се откажав од сѐ за нивниот татко и за нив, па да правам што ќе посакам, бидејќи татко им би го одобрил тоа“ – изјавила Педи.

Членовите на жирито со восхит ги следеа движењата на инспиративната Педи. „Ти си одличен пример за постарите лица, затоа што покажа дека колку и да си стар, сѐ уште можеш да бидеш спектакуларна, убава и да правиш нешто неверојатно“ – рекол Дејвид Вилијамс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.