Запознајте го Арат Хосеини, малото момче кое го одушеви светот со својата бестрашност, флексибилност и неверојатните гимнастички способности. Арат има само 2 години и 2 месеци, а веќе може да изведува комплицирани вежби.
Малиот Иранец, кој ги направи првите гимнастички движења на 9-месечна возраст, од мали нозе ги изненадува родителите со својата сила и флексибилноста. „Еден ден кога се вратив од работа го ставив прстот во раката на Арат, тој бавно се исправи и стегајќи го силно мојот прст, ги оддели нозете од земјата. Тогаш ја забележав силата и моќта на Арат и многу се изненадив“ – вели таткото Мохамед, кој му помага на 2-годишното момче при тренинзите.
Арат, кој е висок 91 см и тежок 15 кг, тренира само 10-20 минути дневно, најчесто на невообичаени места низ домот. Тој може да изведе нова вежба по само 10-минутно учење.
„Арат е специјална личност и во спортот ќе биде недостижен – ќе биде успешен. Мојата желба за Арат е да пронајде многу добри пријатели низ светот. Успехот е нашата цел и ние ќе ја постигнеме“ – вели татко му.