Ен МекКлејн и Кристина Кок ќе ја изведат првата женска вселенска прошетка. Астронаутките ќе излезат од Меѓународната вселенска станица на 29 март, речиси 35 години откако за првпат жена го стори истото.
Интересното е што и целосно женски тим од Земјата ќе ги контролира и води.
Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) потврди дека е закажана женска прошетка.
Според НАСА, секое време поминато во вселената надвор од летало, вклучително и поправање на опрема и изведување на експерименти, се смета за вселенска прошетка.
Кристина е во Меѓународната вселенска станица од декември минатата година, а Ен ќе ја напушти Земјата на 14 март. Се планира нивната прошетка да трае 7 часа.
Yes buddy, that’s your Mother Earth. Isn’t she beautiful? pic.twitter.com/qY6KDbAIwb
— Anne McClain (@AstroAnnimal) March 4, 2019
Русинката Светлана Савицкаја е првата жена која била на прошетка во вселената. На мисијата во 1984 година, таа стана првата жена која двапати била во вселената и првата жена која извела вселенска прошетка.