Почетна » Новости » Занимливости » Нов рекорд: Астронаутката Кристина Кок е жената со најдолг престој во вселената

Нов рекорд: Астронаутката Кристина Кок е жената со најдолг престој во вселената

Кристина Кок испиша историја. 40-годишната астронаутка постави нов рекорд за најдолг престој на жена во вселената.

Амбициозната инженерка пристигна на Меѓународната вселенска станица на 14 март и на 28 декември нејзиниот престој достигна до 289 дена. Претходно рекордот го држеше Пеги Витсон, која помина 288 последователни дена во вселената.

Кристина Кок Кристина Кок

Според НАСА, Кок ќе остане на ММС до февруари 2020 година и за малку нема да успее да го собори рекордот за најдолго вселенско патување кој е 340 дена.

„Правете го она што ве плаши“ - им порача Кристина на младите девојки кои ги следат нивните соништа.

Кок и Џесика Мејр во октомври ја изведоа првата женска прошетка во вселената која траеше 7 часа и 17 минути.

Кристина Кок

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19772 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.