Почетна » Новости » Занимливости » Жена користи различни филтри за да покаже дека социјалните мрежи не се реалност

Жена користи различни филтри за да покаже дека социјалните мрежи не се реалност

Многу е лесно да се промени реалноста на социјалните мрежи и да се прикаже нешто што не постои. Сè повеќе интернет корисници ги менуваат и подобруваат нивните фотографии, влијаејќи на перцепцијата за убавина кај луѓето.

Жена сними видео во кое користи различни филтри за да покаже дека „социјалните медиуми не се реални“.

Мими Веб

Во него, Мими Веб менува неколку различни филтри пред да го покаже своето вистинско лице со акни на дневна светлина.

@missmimiwebb #greenscreenvideo ♬ original sound - Mimi

Во друго видео, Мими вели:

„Мислам дека големиот проблем е што премногу луѓе ги гледаат социјалните мрежи и славните личности и помислуваат зошто јас не изгледам вака. А тие гледаат во луѓе кои имаат тимови за светло, за шминка и за фризура, како и готвачи. Нема ништо лошо во тоа, но има проблем да се споредувате себеси со тие нешта“.

@missmimiwebb Replying to @Gabrielle Hetzel ♬ original sound - Mimi

Во коментарите, многумина ѝ се заблагодарија што ја покажува реалноста.

„Поради ова не им дозволуваме на нашите деца да бидат на социјалните мрежи, особено нашата ќерка нема потреба да се споредува со филтрирани луѓе.“

„Посакувам никогаш да не направеа филтри. Ова е многу лошо за самодовербата и прави повеќе лошо одошто добро.“

„Прекрасна си без разлика на сè.“

„Ни требаат вакви содржини. Ти благодарам што си реална и искрена. Кога само сите би биле такви...“

„Социјалните мрежи ни ги изобличија идеалите за она што претставува навистина убавината. Сите треба да изгледаме исто и совршено. Прекрасна си“ – се само дел од коментарите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.