Почетна » Новости » Занимливости » Цената на убавината: Реклама го прикажува влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на тинејџерите

Цената на убавината: Реклама го прикажува влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на тинејџерите

Социјалните мрежи честопати имаат позитивно влијание врз нашите животи, но не може да се негира и штетата која тие ја нанесуваат. Како последица на интернет троловите и деструктивните коментари, многу често страда менталното здравје на корисниците, особено на оние кои пловат во тинејџерските води.

Преку новата кампања „Cost of Beauty“ (Цена на убавината), Dove ја подигнува свеста за опасностите од социјалните мрежи.

„Цената на токсичната убавина е многу поголема отколку што си мислиме“ – пишува на крајот.

Видеото ја раскажува вистинската приказна на Мери, девојка која во тинејџерските години започнува да се огледува на креатори на содржини кои постојано ја мерат својата тежина и држат рестриктивни диети. Тинејџерката започнува да води дневник во кој ги запишува негативните коментари кои ги добива онлајн. Таа постепено развива нарушување во исхраната поради кое завршува во болница.

Во позадина тече песната „You Are So Beautiful“.

Dove

Видеото завршува со прикажување на други млади лица кои се имаат соочено со проблеми со менталното здравје.

„Ново истражување од проектот ‘Dove Self-Esteem’ покажува дека 70% од децата се изложени на токсични содржини за убавина на социјалните мрежи и дека менталното здравје кај 3 од 5 деца е засегнато од она што го гледаат на социјалните мрежи“ – пишуваат од компанијата и ги охрабруваат луѓето да потпишат петиција за поголема онлајн безбедност кај децата.

„Dove има долгорочна обврзаност да донесе позитивни промени во убавината и да преземе активности за да ги направи социјалните мрежи попозитивно место“ – додаваат тие.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.