Кристина Агилера објави нов видеозапис во кој го прикажува штетното влијание на социјалните мрежи врз децата.
Моќниот спот на 41-годишната пејачка за нејзината хит-песна „Beautiful“ прикажува дека живееме во ера во која децата го гледаат светот преку екраните на мобилните телефони.
„Во последните 20 години, социјалните мрежи ни го трансформираа односот кон нашите тела, а со тоа и нашето ментално здравје“ – пишува Агилера.
„‘Ние сме Убави, без разлика што ќе кажат другите’– е пораката која сакам да им ја всадам на моите деца низ секое поглавје од нивните животи. Денес е потешко отсекогаш да го слушнеме сопствениот глас меѓу толку многу други гласови кои се инфилтрираат во нашите глави преку социјалните мрежи.“
„Првичниот спот за оваа песна имаше цел да ја подигне свеста за влијанието на критиките, осудувањето и туѓите мислења и да предизвика чувство на емпатија. Ова видео сè уште носи важна порака и нè потсетува на нашите основни вредности настрана од тоа што ни го служи околината. Да најдеме чувство на баланс и да се прифатиме себеси онакви какви што сме“ – дополни славната пејачка.
Потсетете се на првиот спот: