По повод почетокот на новата учебна година, Стево Пендаровски имаше емотивна средба со неговата прва учителка Борка Палифровска.
56-годишниот Претседател и 86-годишната поранешна просветна работничка се потсетија на првите лекции и учениците, а разгледаа и албум со фотографии постари од 40 години од времето на неговите школски денови.

„Емотивна средба со мојата прва учителка Борка Палифровска. Се потсетивме на првите лекции и ученици, а 86-годишната Бојка се сеќава на сите нас, по име и по презиме. Уште поголемо изненадување за мене беа црно – белите фотографии коишто ги чува за спомен, стари повеќе од 40 години. Ми раскажа дека веќе 25 години е во пензија, а времето го поминува покрај со читање и со своите деца и внуци. Бојка е доказ дека првите учетелки ги памтиме доживотно. Покрај преубавите спомени, ме испрати и со малку грозје од нејзиниот двор. И посакувам долг век и пак да се видиме за некоја година да поразговараме“ – стои во описот на фотографиите на официјалниот профил на Претседателот Пендаровски на Facebook.


