Ретко кој пар се одлучува да посвои тинејџер, а неспорно е дека тие имаат потреба од родителска љубов исто како сите други деца.
Емотивна реклама го прикажува моментот кога посвоен тинејџер ќе ја почувствува љубовта и топлината на новото семејство.
Во видеото, момчето Џејсон влегува во домот на семејството кое го посвои и ги здогледува фотографиите на неговите нови родители со нивните деца. Во почетокот, тој е повлечен и не се вклучува во семејните активности, но како што изминуваат деновите, тој сè повеќе и повеќе ја чувствува нивната љубов.
На крајот од видеозаписот, Џејсон влегува во домот и здогледува семејна фотографија на која се наоѓа и самиот тој. Среќното момче, трогнато до солзи, ѝ подарува силна прегратка на својата нова мајка.